Почитувани граѓани,

Министерството за надворешни работи во континуитет работи на подобрување на услугите и зголемување на капацитетите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата во странство. Вашите коментари, забелешки или пофалби, можат значително да придонесат во ефикасноста на овој процес.

За секое ваше барање и прашање за кое сметате дека не сте добиле навремен одговор од страна на дипломатско-конзуларно претставништво, или, пак, на дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи Global SOS; или сметате дека кон вашето барање е постапено некоректно, ве охрабруваме да го контактирате директно Министерството за надворешни работи во Скопје или да напишете коментар подолу.

Како илустрација, посочуваме неколку примери кога го очекуваме вашиот придонес кон овој процес:

  • Ако не сте успеале да остварите контакт
  • Ако сметате дека сте чекале предолго во добивањето на одговор;
  • Ако воопшто не сте добиле одговор на упатено прашање или сте добиле погрешен одговор;
  • иако ви било ветено, не сте добиле одговор/вашата апликација за конзуларна и друга услуга не е решена;
  • сметате дека неправично е постапено кон вас од страна на службеник во дипломатско-конзуларното претставништво;
  • Ако сте задоволни од услугата и сакате да ја посочите како пример за професионалност

Телефон за контакт: +389 75 446 647 (WhatsАpp, Viber)

Categories: Анкета

0 Comments

Leave a Reply

Avatar placeholder

Your email address will not be published. Required fields are marked *

en_USEnglish